Живеат во странство а во Македонија им доаѓа сметка за струја од 6.000 денари месечно
Иселениците од западниот регион добиле енормно високи сметки за струја иако со месеци не живеат во своите домови.Над 170 поплаки пристигнале до Народниот правобранител за сметките кои изнесувале од шест до десет илјади денари месечно за куќи кои се потполно празни и под клуч.
Печалбарите реагирале бидејќи сметките за електрична енергија се многу повисоки од очекуваното зголемување,месечните сметки од август до октомври им биле неколку илјади денари.
Од ЕВН велат дека никогаш нема да наплатат повеќе од она што корисникот го има потрошено ,паушалните сметки доаѓаат доколку се случи да не е прочитано броилото, за што се фактурира претпоставена вредност како просек од потрошувачката во последните 12 месеци, корисникот може да го достави статусот на броилото и да пријави состојба при што надлежните служби ќе ги направат соодветните корекции.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
