Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден

Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска повторно го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), пренесоа светските новински агенции.
Новиот силен потрес се случи само неколку часа откако оваа југоисточноазиска држава веќе беше погодена од друг разорен земјотрес во текот на денот.
Епицентарот на новиот земјотрес бил во близина на градот Пематангсиантар, во индонезиската провинција Северна Суматра, на оддалеченост од 126 километри југоисточно од провинцискиот главен град Медан.
Утринава, најмалку 38 лица загинаа откако земјотрес со магнитуда од 7,7 степени ја погоди источна Индонезија.
На пространиот индонезиски архипелаг чести се земјотресите и вулканските активности поради неговата специфична географска местоположба на Пацифичкиот Огнен Прстен, кој претставува најактивен сеизмички појас во светот.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
