Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција

Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено, но сепак тракторите остануваат паркирани на крајните коловозни ленти на низа локации во Грција.
Земјоделците, кои на 30 ноември ги започнаа протестите во земјата, решија до петок да ги олеснат празничните патувања на граѓаните, со што, во координација со полицијата делумно ги повлекоа тракторите.
Паралелно, како што вчера објави МИА, до петок нема да ги блокираат ниту граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја.
Грчките земјоделци, иако ги отворија автопатиштата, сепак велат дека не се откажуваат од нивните барања и Божиќ ќе го поминат на блокадите, онаму каде што се паркирани нивните трактори, а се очекува в петок, да одржат нови состаноци за да ги одредат нивните следни чекори.
МИА
Ново на Сител
-

„Како ќе контролира рудник, човек кој не може да реши 10 крави“ – Нови тензии меѓу Филипче и Митовски
-

Пекарите идната недела ќе одлучуваат за цената на лебот
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
-

Стартап академија ги поврза младите од Македонија и Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
