Македонија
24. April 2026 - 12:25

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива

Во македонското Собрание утрово се одржа 20-тата конференција на претседатели и спикери на Јадранско-Јонската иницијатива.

Спикерот Гаши порача дека ваквите иницијативи се особено важни за европската интеграција на Македонија, цел од која земјава не се откажува и покрај бројните пречки.