Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се соочил со влошување на односите меѓу министерот за одбрана Михаил Федоров и началникот на вооружените сили Олександр Сирски, поради што, како што изјави, решил да ги отстрани двајцата „за доброто на нацијата“.
Поранешниот министер за одбрана Михаило Федоров во Украина се смета за заслужен за воените успеси на Украина и примената на нови воени технологии и поддршката за подобрување на производството на беспилотни летала со долг и среден дострел што ги погодуваат линиите за снабдување и рафинериите за нафта длабоко на територијата на Русија и на Крим, пренесе Скај њуз.
Во интервју за Скај њуз, Зеленски изјави и дека е целосно фокусиран на односите со САД, претседателот Доналд Трамп и другите сојузнички влади, со цел да ги охрабри да продолжат да ја снабдуваат Украина со пари и оружје за одбраната и да продолжат да спроведуваат санкции против Русија.
„Воздушната одбрана останува наш приоритет бидејќи Русија ја зголемува употребата на балистички ракети за гаѓање на големи градови. Само минатата недела бевме сведоци на 40 вакви ракети испукани кон Киев за еден час. Немаме доволно ракети за одбрана, тоа е проблем“, рече Зеленски.
Претседателот на Украина верува, како што вели, дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува да мобилизира стотици илјади војници и да ги испрати на фронтот, оценувајќи дека тоа би претставувало значителна опасност за Украина.
Тој уште еднаш го нагласи своето верување дека Путин ќе престане да се бори само ако биде поразен.
„Она што се обидовме да го направиме е да им наметнеме воен предизвик на Русите, да ги натераме да почувствуваат дека војната е насекаде. Затоа ги започнавме нашите операции за ракетен напад со среден и долг дострел, враќајќи ја војната таму од каде што дојде - во Русија“, рече Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
