Преглед на вестите од светот
Шпанија ги врати речисите сите 60 000 луѓе кои во четвртокот од Мароко нерегулено по копно и преку море влегоа во шпанската северноафриканска енклава Сеута за да стигнат до ЕУ, соопштија шпанските власти.
Според нивнте податоци најмалку 57 лица ги загубија животите обидувајќи се да ја преминат границата и да стигнат до Сеута. Премиерот Педро Санчез изјви дека владата целосно ја вратила контролатаа на границата и спречила какво било „неовластено движење кон континентална Европа“ за помалку од 48 часа.
Настаните во Сеута предизвикаа итна реакција и поделени ставови меѓу земјите членки на Европската Унија, Италија привремено ја суспендираше примената на Шенгенскиот договор за слободно движење со Шпанија. Мерката стапува во сила денеска и треба да трае еден месец.
-Владата одлучи привремено да го суспендира режимот на слободно движење предвиден со Шенген во поморските и воздушните врски со Шпанија, повторно воведувајќи гранични контроли. Ова е вонредна мерка, донесена за заштита на националната безбедност“, објави премиерката на Италија, Џорџа Мелони на социјалните мрежи.
Францускиот претседател Макрон изрази солидарност со Шпанија, но во исто време ги зајакна контролите на заедничката граница а германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика шпанската влада брзо да ја врати контролата врз ситуацијата, потенцирајќи ја важноста на заштитата на надворешните граници на Европската Унија.
Шумски пожари поттикнати од силни ветрови избувнаа низ повеќе области на Грција утрово вклучително и во близина на Атина, при што во тек се големи операции за гаснење пожари и итни евакуации.
-Не можеме да продолжиме да живееме секое лето со страв дека нашите домови ќе изгорат или дека нашите домови ќе бидат уништени. Ова е витално зелено белодробрно крило. Тие (пожарите) ја уништуваат флората и фауната, изјави жител на атинското предградие Хајдари.
Дополнително, тешка останува останува сосотјбата со пожарите на плоустровот Пелопонез во регионите Ајгијалеја, Месинија и Гитио, како и на острвот Крит во реоните На Ретимно, Ситија и Хераклион.
Русија го нападна главниот град на Украина, Киев, со балистички ракети рано утрово, при што загинаа најмалку девет лица, а 28 се повредени сопштија локланите власти.
Градоначланикот Виталиј Кличко изјави дека повеќе станбени згради се погодени и има прекини во снабдувањето со електрична енергија.
-Пријавивме штета во пет области на нашиот град. Во овој момент, имаме информации дека девет цивили во нашиот град се убиени. Седумнаесет лица се хоспитализирани, изјави Виталиј Кличко, градоначалник на Киев.
Зачестени балситички наапди ги исцрпуваат украинските залихи од ракети за американските системи Патриот, кои се единствената одбранбена линија против овој тип проектили изјави претседателот Зеленски додавајќи дека Украина собори само една од 27 балистички ракети за време на денешниот напад.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
