Здравиот живот не гарантира целосна превенција на рак, но...

Последното научно истражување докажало дека ризикот за појава на рак може да се намали во голема мера и тоа преку промени на животниот стил.
Во главните начини на превенција се вбројуваат консумирање на помалку алкохол, исхрана богата со растителни влакна, исфрлање на преработеното месо и поголема физичка активност, тврди студијата.
Алисон Кокс, директор на превентивното одделение во центарот “Cancer Research” кој ја предводел студијата изјавил дека водењето на здрав живот не гарантира целосна превенција на рак, но може да игра во ваша корист.
Алкохол
Претходни истражувања сугерираат дека алкохолот се поврзува со седум различни видови на рак. Алкохолните пијалаци содржат хемиски ацеталдехид кој ја оштетува ДНК-та и го спречува нејзиното обновување. Алкохолот исто така содржи нивоа на одредени хормони како што е естрогенот, кој е поврзан со ракот на дојка.
Влакна
Влакната се сметаат за моќни борци против рак така што го подобруваат човечкиот дигестивен систем, што го скратува времето во текот на кое отпадните производи патуваат низ цревата.
Отпадот обично содржи супстанци кои предизвикуваат рак и би требало да бидат отстранети што е можно побрзо. Бактериите кои се разградуваат со помош на влакната содржат супстанци кои се поврзани со појава на туморот во дебелото црево и ректумот.
Преработено месо
Одредени хемикалии кои се додаваат во преработеното месо можат да бидат предизвикувачи на рак. На пример, кога хемикалијата во црвеното месо, позната како хаем, ќе се најде во желудникот, се формираат хемикалии кои предизвикуваат оштетување на клетките во цревата.
Вежбање
Физичката активност може да го намали нивото на естроген и инсулин во човечката крв. Високото ниво на естроген е поврзано со ракот на гради и ракот на матката.
Со вежбањето се намалува воспалението на цревата и се забрзува исфрлањето на сите токсини од телото. Активноста е исто така важна за одржување на здравата телесна тежина – претходни истражувања сугерираат дека прекумерната килажа е најголем предизвикувач на рак, веднаш по пушењето.
Ново на Сител
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
