Македонија
12. јуни 2026 - 16:31

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Претставата „Страв и надеж“ на МНТ од Скопје, работена според според Франц Ксавер Крец, е победник на годинешното јубилејно 60-то издание на театраскиот фестивал Војдан Чернодрински. Одлуката ја донесе трочлената жири комисија составена од Снежана Коневски Руси, како претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ.

„Имавте во текот на Фестивалот различни изведби, јас веќе како традиционалист или конзервативец можам да кажам дека со нбекои претстави можеби не се согласувам, но имам око и уво да видам што е тоа што ме допира или допира секој член од публиката“, потенцираше Снежана Коневски Руси, претседател на жири комисијата.

„Кога одлучувавме во целина за една претстава тогаш гледавме во компактноста на сите сегменти кои делуваат во еден проект. Големината на ансамблот, избор на репертоарниот текст, односот на режијата спрема елементите на претставата, вклопеност на костимографијата и сценографијата во концептот на претставата“, изјави Дарко Лукиќ, член на жирито.

Според уметничкит директор на Фестивалот Ана Стојанска театроте во Македонија треба да поставуваат повеќе македонски драми од современи млади автори.

„Драмскиот текст не е секогаш завршена верзија, го слушнавме и Деан Дуковски, кој ќе каже дека се се создава на претставата. Ајде директорите на театрите, режисерите, продуцентите, да бидат похрабри и да поставуваат македонски драми. Ние треба само да направиме добра стратегија за да ги покажеме тие драми“, додаде Ана Стојаноска, уметнички директор на Фестивалот.

Прилепскиот театар беше најнаградуван со 5 награди. Пет награди коие се доказ дека прилепскиот ансамбл кончено заслужува нова театарска зграда. Иако и без неа тој е неприкосновен на нашата сцена.

„Немаме театар, си направивме наш простор. И тој простор ни донесе успех. Значи имаме убава претстава. Благодарам на сите кои го видоа тој квалитет во претставата. Дај Боже велат јас зградата не прави претстави туку луѓето кои работат. Се додека има луѓе кои работат со љубов како моите колеги актери, техничкиот персонал, организација и сите луѓе од администрација ќе има театар. И секако тука е публиката. Се додека постои таа љубов ќе има сцена“, истакна Михајло Миленкоски, раководител на прилепскиот театар.

Фестивалот го затвора Београдско драмско позориште со претставата „Црно злато“ на Дејан Дуковски. Инаку оваа претстава досега не е поставена во Македонија.