Затворска казна за наставникот насилник од струшката гимназија
4 месеци затворска казна за 57 годишниот професорот по англиски јазик во струшката гимназија Ибраим Темо кој удри ученик со боксирач.
Во пресудата на струшкиот Основен суд му се пресметува и времето поминато во притвор. Адвокатот на обвинетиот Сеад Мена најави дека ќе ја обжали пресудата и останува на ставот дека не се исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.
На главната расправа пред една недела обвинетиот тврдеше дека мајката на ученикот, која е негова колешка во гимназијата прва ја започнала расправијата, а тој по кавгата откако со тупаница бил удрен од страна на ученикот сакајќи да го заплаши замавнал и ненамерно го удрил.
Инаку директорката на училиштето по инцидентот кој се случи на 23 декември минатата година и ја вознемири јавноста кога ученик со тешки повреди на главата беше примен на хируршкото одделение во Струга по пријава дека го нападнал професор, тврдеше дека ова не е негов прв инцидент, а против него се водат и неколку дисциплински постапки додека пак учениците ја бојкотираа наставата протестирајќи пред струшкиот суд.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
