Засега без изгледи за мнозинство за уставните измени
Власта го предупредува опозицискиот лидер дека му се затворал прозорецот на можности да му се приклучи на она што тие го нарекуваат европски блок. Со истата прес конференција од вчера, СДСМ и денеска го кани Мицкоски да даде поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот.
Уставни измени нема да има, уште еднаш повтори портпаролот на опозицијата. Ја праша власта што се случи со Декларацијата за Илинден која беше најавувана пред празникот
До стартот на седницата со која треба да почне постапката за промена на Уставот има уште 8 дена, а владејачките партии не кријат дека немаат обезбедено поддршка од 80 пратеници. Мнозинството веќе призна дека планира само да ја почне дебатата по што Џафери ќе ја прекине седницата. Планот е процесот да живее на апарати се додека СДСМ и ДУИ не најдат 80 пратеници, ако во меѓувреме, опозицијата не стигне до бројката од 61 пратеник за распуштање на Собранието.
Проблемот да собере 80 пратеници за Власта се отвори кога сама без поддршка на опозицијата се реши да го прифати францускиот предлог заедно со обврската да го смени Уставот иако и тогаш па и сега беше свесна дека нема двотретинско мнозинство. Таквиот потег предизвика масовни протести на улиците, а во моментов близу три четвртини од граѓаните се против внесувањето на Бугарите во Уставот.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
