Македонија
3. February 2022 - 16:36

Започна судскиот процес на професорот од Струга кој тепаше ученик

Започна судскиот процес за 57 годишниот професор по англиски јазик од Струга кој со метален боксирач удри ученик.

На денешното главно рочиште во Основниот суд тој го тврди спротивното дека најнапред бил вербално нападнат од мајката на детето која му била колешка , вознемирен од целата ситуација кога отишол во професорскиот тоалет во училиштето Ибраим Темо да се освежи со тупаница бил удрен од страна на ученикот сакајќи да го заплаши го извадил метален боксирачот кој го носел повремено, несакајќи замавнал и го удрил со него во пределот на главата .

Директорката на училиштето Јонузи пак по инцидентот кој се случи на 23 декември истакна дека професорот предизвикувал проблеми години наназад додека пак соучениците на нападнатиот ученик револтирани протестираа пред Основниот суд во Струга и побраа да запре насилството, децата да се чуствуваат безбедни во училиштето, а професорот, да биде казнет.

Обвинителството струшкиот професор го товари за сторено кривично дело насилство и бара да остане во притвор се до завршување на судскиот процес додека пак одбраната на професорот бара да му биде прекинат притворот поради спротиставени докази.