Втор пораз за Македонија на Светското ракометно првенство
Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Светското првенство во Полска и Шведска. Вечерва во Краков, избраниците на селекторот Кирил Лазаров загуби од Холандија со убедливи 34:24.
„Црвено-жолтите“ ги повторија грешките од првото коло направени на мечот со Норвешка и му дозволија на противникот во неколку наврати лесни голови и серии од по четири и пет погодоци.
По нашето почетно водство со 3:2, Холанѓаните ја преземаа контролата на резултатот и постојано ја зголемуваа предноста за на полувреме да заминат со 18:11. На петнаесетина минути пред крајот Македонија се доближи на минус четири, но следуваше исклучување на Филип Талески и повторно серија голови за „лалињата“ кои до крајот без проблеми стигнаа до убедлив триумф.
Најефикасен во холандската селекција и на натпреварот беше Смитс со 10 голови, во поразениот тим по четири погодоци постигнаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.
Македонците шанса за пласман во Главната групна фаза ќе бараат во вторник на дуелот со Аргентина.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
