Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии - Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за здравство, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. На комисиите ќе се разгледуваат повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измени во законите за рестриктивни мерки, застапување пред Европскиот суд за човекови права, санитарна и здравствена инспекција, комунални дејности, градење и превоз во патниот сообраќај.
Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки. Со предложените измени се предвидува прецизирање на одредби утврдени како недостатоци во Извештајот од петтиот круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година (одредби во врска со примена на мерките од страна на сите физички и правни лица, воведување на официјални процедури во врска со почитувањето на процедурите на ОН, процедури за поднесување барања за симнување од листата до надлежните органи и др.). Со законот се врши и усогласување со препораките на ФАТФ (FATF – Financial Action Task Force).
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледува Предлогот на закон за изменување на Законот за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права. Целта на Предлогот на закон е усогласување на постапката за именување, условите за именување и престанокот и разрешувањето на функцијата владин агент со Законот за високи раководители. Основните решенија се состојат во упатување на постапката за именување и на општите услови кон Законот за високи раководители, пропишување посебни услови за Владиниот агент, усогласување на престанокот и разрешувањето од функцијата.
На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлогот на закон за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција. Заради усогласување со Законот за високи раководители, мандатот на директорот се утврдува во траење од пет години, а постапката и условите за именување, како и престанокот на мандатот и разрешувањето, се уредуваат со тој закон.
Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе расправаат по предлозите за изменување на Законот за комуналните дејности и на Законот за градење, како и за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај. Со предлог-законите се врши усогласување на Законот за градење со Законот за високи раководители.
На Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Предлог на законот за изменување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, сите по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
