Спорт плус
14. September 2026 - 17:02

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman

Филип Шулевски постави ново најдобро македонско време на целосната Ironman дистанца, откако успешно настапи на Challenge Almere-Amsterdam.

Шулевски ја заврши исклучително тешката дистанца за 9 часа, 21 минута и 39 секунди, со што го подобри претходното најдобро македонско време од околу 9 часа и 41 минута.

Целосната Ironman дистанца опфаќа 3,8 километри пливање, 180 километри возење велосипед и 42,2 километри трчање.

Со остварениот резултат, Шулевски го освои и 16. место во категоријата М30–34.

Од ATG Macedonia, каде што Шулевски тренира речиси од самиот почеток, му честитаа за големиот успех. Оттаму посочуваат дека низ годините биле дел од неговиот напредок и подготовка, заедно со неговиот тренер Иван.

„Честитки Филип! Огромен резултат!“, порачаа од ATG Macedonia по поставувањето на новото најдобро македонско време.