Во Охрид полни верските храмови
Црковните храмови во Балканскиот Ерусалим за Божиќ исполнети со верници. Граѓаните палејќи свеќи си посакаа здравје и среќа и си го честитаат Божик со радосниот поздрав: Христос се роди! Вистина се роди!додека пак по завршувањето на литургиите оние кои ги постеа ја примија светата причест. Свештените лица велат дека иако се соочуваме со едно големо искушение предизвикано од Ковид пандемијата , сепак никој и ништо не може да не спречи литургиски и молитвено да живееме во црквата бидејќи овој празник ни ја дава смислата и значењето на животот.
Со оглед на тоа дека Божик е семеен празник. На овој ден традиционално најблиските се собираат на празничен ручек . Охрид претежно е исполнет со домашни посетители и тоа оние кои имаат свои викенд станови и куќи .
Божик според православниот обичај се слави три дена. Овој ден е еден од најголемите христијански празници за православните верници.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
