Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови

Во јули годинава се издадени 367 одобренија за градење, што е за 8,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 (61,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 39 (10,6 проценти) од нискоградба и 101 (27,5 проценти) за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 248 станови со вкупна корисна површина од 100 440 метри квадратни. Во Скопскиот регион се издадени најмногу одобренија - 107, и предвидени се 752 стана.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.995.108.000 денари, што е за 74,8 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци.
На 209 објекти (56,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 158 (43,1 проценти) тоа се деловни субјекти.
МИА
Ново на Сител
-

Одбраната на Васе Анакиев тврди дека тој не барал поткуп, обвинителството тврди дека поседува цврсти докази
-

WIK отвора нов погон во ТИРЗ Прилеп за поправка на кафе апаратите од цела Европа
-

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
