Македонија
10. September 2026 - 16:42

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне

Геополитичката неизвесност, повисоките цени на енергијата, ограничувањата во глобалната трговија и построгите финансиски услови остава директни последици врз економиите од Западен Балкан, но и врз фискалниот простор за одговор на секој нов шок.

Фискалниот простор мора да се создава пред да биде потребен. Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Регионалната конференција „Охрид 2026“.

Професорот Треновски оцени дека во евентуален нов кризен период треба да се внимава на заштитата на ранливите категории граѓани, вклучително преку социјална поддршка и мерки за ублажување на енергетските ценовни шокови.

Поранешниот хрватски министер за финансии Здравко Мариќ, истакна дека во добри економски времиња треба да се создава простор за справување со идните кризи.

На конференцијата учествуваат министри за финансии, директори на даночни администрации, владини претставници и економски експерти од земјите во регионот.