Македонија
10. September 2026 - 16:41
Тензично во советот на Кисела Вода
Ексалираше тензичната седница на советот на општина Кисела Вода. Дебатата за бројот на деца, градинки и воспитувачки во општината заврши со вербална пресметка меѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и советникот од Левица, Петар Здравески.
Но по расправијата следеше и обид за отстранување на советникот Здравески од страна на претседателката на Советот, Светлана Колариќ.
Сепак, обезбедување не дојде, па претседателката на Советот побара од градоначалничката идните седници на Советот да бидат обезбедувани.
Седницата беше прекината неколку пати, а градоначалничката и советникот во неколку наврати се обвинуваа меѓусебно дека на јавна расправа упатиле закани кон нивните семејства.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
