Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.
Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп.
Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол.
При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
