Преглед на вестите од светот
По тричасовната средба со рускиот претседател Владимир Путин, преговарачкиот двоец, Виткоф - Кушнер денеска пристигнаа во Киев. Средбата во Кремљ е оценета како конструктива. Пратениците на американскиот претседател Доналд Трамп дале нови предлози за можен крај на четиригодишната руска инвазија врз Украина, но засега детали за предлогот не се соопштени, ниту од американска, ниту од руска страна.
Путин средбата ја почна со пофални зборови за Трамп.
„Ситуацијата со која треба да се справиме денес е, секако, тешка. (ПАУЗА ЗА ПРЕВОД) Но, пред да започнеме, би сакал да ве замолам да ги пренесете моите најдобри желби и зборови на благодарност до претседателот на Соединетите Американски Држави, г-дин Трамп. (ПАУЗА ЗА ПРЕВОД) Разбираме дека, генерално, тој влегува во тешка ситуација. Сепак, тој истрајува во своите напори да придонесе за решавање на руско-украинскиот конфликт.“
Американските преговарачи, пак, се заблагодарија за прекинот на воздушните напади врз Киев.
„Сакам да ви се заблагодарам што ја одобривте политиката на прекин на огнот во Киев и во Москва за овие три дена што ни овозможи да можеме да дојдеме овде на безбеден начин.
Виткоф и Кушнер од Москва полетаа за Полска, па оттаму со воз до Киев, со оглед на тоа што главниот украински аеродром со години не е во функција, па шините се единствениот начин за пристигнување во престолнината. Украинскиот претседател Зеленски ги пречека пред црквата Света Софија. Пред да пристигнат рече дека украинските служби направиле сѐ за Виткоф и Кушнер да пристигнат со авион.
„Тие не можеа да слетаат, не можеа да го користат својот авион иако подготвивме сè. Нашите аеродроми се во функција. Мислам дека ќе имаме можност со вас да разговараме за тоа во длабочина.“
Но на американските претставници не им пречело тоа што не летаа на релација Москва - Киев.
„Одлично патувавме, одлично“.
Ниту украинската страна не објавува детали за предлозите на Трамп. Зеленски соопшти дека Киев е подгтовен за разговори и ќе остане конструктивен. Вели дека потребен е мир, но потребни се и безбедносни гаранции - едно од прашањата кои во минатите преговори беа камен на сопнување, со оглед на тоа што Москва не сака НАТО трупи во Украина. Сепак, Зеленски вели дека и Киев има сопствени предлози за тоа како да се воспостави мир.
Оваа иницјатива на Трамп доаѓа по месеци пауза, со оглед на тоа што САД заедно со Израел почна воздушна офанзива врз Техеран, па фокусот на Вашингтон со месеци е кон Персискиот залив и Ормутскиот теснец, како еден од најважните трговски коридори во светот.
Ултрадесничкарската Алтернатива за Германија (АФД) пред историски резултат во покраината Саксонија-Анхалт. Денеска оваа германска покраина избира нов парламент, избори кои би можеле значително да ја променат политичката карта на Германија.
Според последните анкети, АФД убедливо води пред Христијанско-демократската унија, односно ЦДУ. Доколку официјалните резултати ги следат предизорните анкети, АФД би можела да оствари историски успех и за првпат да се најде во позиција да предводи влада на една германска покраина.
Според оследните анкети, АФД има огромна предност пред ЦДУ. Според нив, поддршката за АФД е 42% од гласовите, додека ЦДУ има речиси двојно помалку, односно 22% поддршка.
Главниот кандидат на АФД, Улрих Сигмунт откако го искористи своето право на глас оцени дека ова што се случува денеска е една од најпозитивните работи кои ѝ се случиле на Германија.
„Па, што доживуваме овде во моментов… Кога последен пат видовме нешто вакво – нешто толку позитивно – во германската историја? Позитивен поглед на политиката. Можете да видите колку луѓе овде се полни со надеж. А атмосферата што ја имаме овде е апсолутно фантастична. Дух на оптимизам. Тоа е нашата визија за 2026 година. Не знам за ниедна друга партија каде што работите изгледаат како што изгледаат денес овде во Тангерминде. И ова се сликите што ѝ се потребни на оваа земја: повторно да се движи напред, за да имаме чувство за нови почетоци, повторно да се држиме заедно, за да ги премостиме поделбите. Тоа дефинитивно сакам да го направам по изборите. Мора повторно да застанеме заедно. Тоа е неверојатно важно. И овој ден започнува овде и сега, на 6 септември, во Саксонија-Анхалт.“
За кандидатот на ЦДУ, Свен Шулсе, пак, ова се предизвикувачки времиња.
„Тоа беше време со предизвик, тоа ќе го кажам сосема отворено и навистина исцрпувачко време, и физички и психички - повеќе од кога било случај во предизборната кампања во Саксонија-Анхалт. Но, сега со нетрпение го очекувам, бидејќи сега, денес, зависи од луѓето овде во Саксонија-Анхалт, да го прославам и да се надевам дека нивниот глас е висок денес. Сега чекаме првата излезна анкета да биде објавена во 18 часот.
Една од опциите за АФД да не дојде до формирање на прва покраинска влада е ЦДУ да се обиде да формира малцинска влада која за одредени одлуки би зависела од поддршката на Левицата.
Изборите се важни и за германкиот канцелар Фридрих Мерц. Неговата ЦДУ од 2002 година непрекинато ја предводи владата во Саксонија. Доколку ЦДУ загуби со разлика два према еден би бил сериозен удар врз германскиот канцелар. Мерц во текот на кампањата предупреди дека евентуална влада предводена од АФД би можела да ги одврати странските инвеститори во покраината.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
