Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
Два дена, две локации, повеќе од 30 угостители и илјадници очекувани гости. Штип повторно се подготвува за манифестацијата која одамна ги надмина локалните рамки. На 18 и 19 септември „Пастрмајлијада“ повторно ќе ги спои традиционалниот штипски специјалитет, музиката и забавата. Поучени од минатогодишното издание, организаторите најавуваат и поинаков концепт за продажбата на пастрмајлиите.
-Едната локација е на шеталиштето „Ванчо Прќе“, а другата на Градскиот стадион. Одлучивме на двете локации да има служење на кулинарскио бренд пастрмајлија, во унифицирани објекти кои ќе бидат поставени неколку дена пред одржувањето на самата манифестација.
-Од аспект на промоција на култура, секако дека оваа манифестација има забавен карактер и дека граѓаните и гостите ќе уживаат во богата музичка програма и верувам и дека и овој пат ќе се покажеме како добри домаќини-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Првите звуци на музиката ќе се слушнат уште во петок. Програмата започнува во 13 часот со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат културно-уметнички друштва, диџеј-програма и настапи на познати музички имиња. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.
-Од организаторски аспект, токму градскиот стадион е најголемиот предизвик за оваа година, каде не очекува централната коцертна вечер. Главното име на вечерта е Жељко Јоксимовиќ, а пред него ќе настапат нашите домашни артиски, Јован Јованов и Елвир Мехиќ, изјави Горан Арсовски, дел од организацијата на „Пастрмалијада-2026“
Покрај музиката, главниот адут на манифестацијата останува пастрмајлијата. За неа годинава ќе се грижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената и покрај зголемените трошоци, ќе остане 250 денари. Дополнително, за полесно движење на илјадниците гости ќе бидат обезбедени повеќе паркинг површини, а ќе има и измени во сообраќајниот режим.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
