Во делови на Европа се зголемуваат случаите на Западнонилската треска

Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус, јавува ДПА.
Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на човечки инфекции се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата.
ECDC соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 се регистрирани во Северна Македонија, во Романија има шест случаи, во Франција четири, додека еден случај е пријавен во Германија, пренесува ДПА.
Кон крајот на минатиот месец, Светската здравствена организација (СЗО) повика на зголемена будност по неколкуте случаи на Западнонилска треска во Јужна Европа.
СЗО наведува дека вирусот Западен Нил вобичаено се пренесува меѓу комарци и птици. Меѓутоа, заразените комарци можат да каснат и луѓе и да ги инфицираат, најчесто помеѓу јули и септември.
Според германскиот Институт за контрола и превенција на болести „Роберт Кох“ (RKI), повеќето луѓе кои се заразени не сфаќаат дека го имаат вирусот. Затоа, истражувачите претпоставуваат дека има голем број непријавени случаи.
Кај особено тешките случаи болеста може да влијае на нервниот систем, што доведува до состојби како што се енцефалитис и менингитис. Не постои ниту вакцина ниту противотров. Лекарите можат само да ги третираат симптомите.
СЗО им советува на патниците да го намалат ризикот од каснувања од комарци со носење соодветна облека и користење масти и спрејови, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
