Македонија
6. July 2026 - 16:34

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа

Две лица од Скопје се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа кој ги вознемири скопјани, а во кој еден пожарникар се здоби со повреди. Според полицискиот билтен ќе одговараат за предизвикување на општа опасност, односно околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.