-->
-->
Внимавајте: Порно апликација тајно слика и ги уценува корисниците
-->

Експертите предупредуваат на вирусна апликација за Андроид телефоните која во тајност ги фотографира своите корисници за да ги уценува. Оваа измама ја откри американската безбедносна компанија "Zscaler".
Апликацијата „Adult Player" се претставува како порнографска апликација, но всушност на измама ги фотографира корисниците преку предната камера по што го заклучува уредот и од корисниците бара 500 долари за отклучување, а парите бара да се уплатат преку Пејпал.
Апликацијата не е достапна на Гугл Плеј туку се инсталира директно преку сајтот.
Апликацијата "Adult Player" е еден од примерите на "rensomver", апликација која ги уценува корисниците со закани дека ќе ги објави нивните приватни информации или со бришење на податоците од уредот.
„Интел Сикјурити“ уште во август изјави дека бројот на таквите апликации се зголемил за 127 отсто од 2014 година.
– Rensomver е најчест на компјутерите отколку на мобилните телефони, но може да биде почеток на трендот - рече Рај Самани, технички директор на „Интел Сикјурити“ во Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
