ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење - „Македонија забрзува, наша обврска“

Со мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод, на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе се одржи голем народен собир.
Собирот ќе почне во 20 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани, кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ што верува во својата иднина.
На настанот ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.
- Пред 36 години беше создадена идеја што стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија - идеја што ги обедини сите оние што веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи што ги остваривме како народ. Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните, кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа - вели Мицкоски во видеопораката што ја објави на својот фејсбук-профил.
Според Мицкоски, денес партијата гледа напред, зборува за развој, за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерна инфраструктура, за подобро образование, здравство и институции што работат во служба на граѓаните.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес-конференција рече дека изминатите 36 години беа проткаени со единствена идеја - независна и силна Македонија, Македонија што чекори достоинствено.
- Ова е ден кога ги одбележуваме историјата што нè обврзува и иднината што доаѓа. Точно пред 36 години се создаде идеја, која беше, која е и која ќе биде водилка, која нè обединува сите нас, сите што сме за Македонија, која има сопствен пат и сопствена иднина. В среда, 36 години подоцна, ќе го одбележиме патот што го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат. Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја - независна и силна Македонија, Македонија што чекори достоинствено - истакна Ковачки.
И тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ сега е фокусира на иднината на Македонија и нејзините граѓани.
- Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија, која достоинствено чекори кон ЕУ. Пораката „Македонија забрзува. Наша обврска“, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија - потенцира Ковачки и истакна дека на собирот се добредојдени сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани, кои веруваат во напредокот на државата.
Ова е момент, дополни генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кога граѓаните треба да покажат дека заедно можат повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа.
На 17 јуни 1990 година беше одржано Оновачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
