Владата планира да му ги одземе ингеренциите на градот за проекти вредни стотици милиони евра
Две опции се во игра за тоа како Владата може да и ги одзеде ингеренциите на скопската градоначалничка Арсовска, по најавата на премиерот Ковачевски дека извршната власт ќе ги презеде клучни инфраструктурни проекти во градот, откриваат упатени во процесот.
Арсовска и нејзината администрација, според неофицијалните информации, во среда ќе треба да имаат состанок со владини претставници за заеднички да се изнајде решение за почнатите, а не завршени проекти. Ако градоначалничката се согласи, градскиот совет треба да донесе одлука со која ги отстапува објектите на министерството за транспорт и на министерството за култура.
Втората опција ќе биде во игра доколку Аросвска го одбие владиниот предлог. Тоа значи на владина седница проектите ќе бидат прогласени за објекти од А категорија, односно стратешки објекти.
И двете опции значат дека Владата ќе биде таа која ќе ги води сите набавки, постапки за експропријација и тендери.
Ковачевски вели дека веќе се блиску до договор за преземање на Универзалната сала, но следат и други проекти.
Скопската градоначалничка пак, возвраќа дека на Ковачевски треба да му се одземат ингеренции за нереализираните владини проекти.
Арсовска вели дека сите наведени проекти за кои сега Владата покажува интерес доцнат поради нејзиниот претходник Шилегов и тврди дека екипите на градот работата на терен на сите нив.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
