Македонија
28. јуни 2023 - 16:42

Владата очекува прво гласање по потребата за уставни измени до крајот на јули

Уставните измени најверојатно кон крајот на јули влегуваат во собраниска процедура.

Вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ, очекува да се обезбеди двотретинско мнозинство за да биде изгласана потребата за да се отвори Уставот и да се вметне бугарската заедница во групата на националности. Најавува разговори со сите пратеници.

За шефот на државата Стево Пендаровски нема дилема дека единствениот пат на Македонија е членството во ЕУ, по увојувањето на преговарачката рамка, Бугарија нема право на нови услови, дециден е Пендаровски. 

Опозицијата пак, не отстапува од своите ставови дека нема да прифатат уставни измени под бугарски диктат. Обвинуваат дека власта преку Брисел настојува ВМРО-ДПМНЕ да даде подршка на уставните измени. 

Собранието пак, чека Влада да го достави материјалот и да почнат да течат законските рокови.