Македонија
11. April 2023 - 20:02

Висок претставник на Стејт департментот во посета на Скопје

Со американска помош ќе се формира институција која ќе се бори со хибридни закани и дезинформации. Специјалниот претставник на Стејт департментот Џејмс Рубин во Скопје пристигна со порака дека загрижува влијанието на Русија во земјава, но и во целиот регион. Ова беше тема и на денешната средба со премиерот Ковачевски.

Според Рубин дезинформациите особено го заземаат медиумскиот простор по стартот на руската воена инвазија, видливи беа пред зачленувањето на Македонија во НАТО, а слично се користат и сега кога државата треба да направи клучни чекори за да ги стартува преговорите со Унијата.

По овие пораки, Рубин утре ќе се сретне и со шефот на државата Пендаровски. Од Скопје, заминува за Тирана. Во балканска турнеја Рубин доаѓа по цели 23 години. Во тридецениската политичка кариера Рубин во периодот од 1997 до 2000 година беше помошник на американската државна секретарка Медлин Олбрајт.