Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за тешкиот пораз од Арсенал со 0:3 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Бразилскиот интернационалец го искористи својот Инстаграм профил за да им се обрати на навивачите на актуелниот европски клупски шампион.
-Нема оправдување. Лоша игра. Време е да се подобриме и да се бориме на „Бернабеу". Работите отсекогаш се случувале на овој терен и можеме да го направиме тоа повторно. До самиот крај, секогаш“, напиша Винисиус до својата фотографија од синоќешниот натпревар.
Се очекуваше крилниот напаѓач да биде меѓу клучните фигури на Реал Мадрид на натпреварот, но наместо тоа, фудбалерот беше меѓу најслабите на теренот во Лондон, откако не успеа да изведе ниту еден удар, не успеа да реализира ниту еден успешен дриблинг или центаршут и ја загуби топката 18 пати.
Ново на Сител
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
