Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
Во последните години, сè поизразен станува проблемот со недостаток на медицински кадар, особено медицински сестри. Голем број здравствени установи се соочуваат со недоволен број вработени, што создава дополнителен притисок врз постојниот персонал. За поголема нивна заштита, од Здружението на медицински сестри во Штип, ја потенцираа потребата од донесување на посебен Закон и формирање на комора, по урнекот на лекарите.
- Би добиле поголема правна заштита и би го заштитиле достоинството на сестрите. Медицинските сестри би можеле директно да учествуваат во донесувањето на одлуките во Министерството и би биле активни во секој Заон што би се донел, а се однесува на нив, изјави Билјана Рогожарска, дипломирана медицинска сестра, КБ- Штип.
Медицинските сестри во Македонија, се уште немаат дефиниран статус.
- Ние сме медицински сестри со завршено образование. Јас сум 30 години медицинска сестра, а се уште немам лиценца, како што имаат сестрите на запад, додаде Рогожарска.
Ова е од суштинско значење, заради фактот што постои голем одлив на кадарот. Причините за оваа состојба се различни, ниски плати, тешки услови за работа, прекумерно работно време, недоволна мотивација, како и иселувањето на медицинскиот кадар во странство во потрага по подобри услови и повисоки примања.
- Многу е жално што младиот кадар кој излегува од нашите училиштане остануваат овде. Затоа ни треба помош од Министерството, ФЗО и Министерството за финансии, да имаме повеќе вработувања, затоа што евидентно е дека само последната недела 5 сестри заминаа во пензија, а да не зборуваме за месеците нанапред, кога допрва ќе имаме сестри кои ќе одат во пензија, а со самото тоа, нашите болнички одделенија остануваат без кадар, изјави Рогожарска.
Недостатокот на медицински сестри директно влијае врз квалитетот на здравствената заштита, што во крајна сметка секојдневно го чувствуваат пациентите.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
