Ватутин: Враќањето на руските клубови во Евролигата е научна фантастика

Претседателот на кошаркарскиот клуб ЦСКА, Андреј Ватутин, оцени денеска дека учеството на руските тимови во Евролигата во овој момент е во доменот на „научна фантастика“.
Клубовите од Русија беа исфрлени од елитното европско клупско кошаркарско натпреварување по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
„Во овој момент учеството на руските тимови во Евролигата е во доменот на научна фантастика. Тоа е чиста фантазија. Дури по завршувањето на војната можат да се создадат услови да се разговара на таа тема. Сите мои колеги во Европа се тажни поради тоа што руските клубови не играат во Европа“, изјави Ватутин за ТВ Меч.
Првиот човек на московска ЦСКА посочи дека руската страна е во постојан контакт со раководството на Евролигата.
„Ние ќе продолжиме да одржуваме контакти со Евролигата како акционери во оваа организација. Ние сме во постојана комуникација и многу ни е важно да се вратиме веднаш штом се создадат услови за тоа“, рече Ватутин.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
