Loading Video...
Македонија
18. јуни 2026 - 12:18

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски

Бугарскиот премиер Румен Радев одбива средба со македонскиот колега Мицкоски. Тој во изјава за бугарските медиуми утрово рече дека со Мицкоски нема што да си каже бидјеќи проблемот не бил билатерален.

Упати серија критики за случајот со палењето на возилата на бугарската амбасада но и призна дека во изминатите година дена, многу европски лидери имаат сомнеж за бугарските позиции, коментирајќи дека некој во претходните бугарски влади не си ја работел работата.

Изјавата на Радев доаѓа по вчерашниот говор на премиерот Мицкоски во кој порача дека нема сила што ќе го натера да прифати уставни измени без при тоа да добие гаранции.