Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
Истрагата може да открие и други лица вмешани во случајот со водата во Гостивар. Премиерот очекува истражните органи да ги откријат сите инволвирани и одговараат соодветно за епидемијата која беше предизвикана. Тој побара јавно да се објават извештајот и анализата кои потврдуваат дека водата е исправна, а кривичните пријави од опозицијата ги оцени како погрешна стратегија со која иронично се занемарува улогата на градоначалникот.
Мицкоски истакна дека за разлика од минатото, оваа влада презела брзи и одлучни мерки за граѓаните во најкраток рок повторно да добијат питка вода во своите домови.
Од опозициската СДСМ обвинуваат за целосен системски колапс и тврдат дека граѓаните ширум земјата пијат неисправна вода, додека за Гостивар се уште нема официјален документ со комплетна анализа
- Во јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани утврдено е присуство на бактеријата Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa и зголемен број на колиформни бактерии. Водата и од оваа јавна чешма не е безбедна за пиење. Ова веќе е системски колапс.Гостивар,Демир Капија,Кривогаштани. И уште десетици места за кои јавноста нема никакви информации.За Гостивар сè уште нема официјален документ со кој се потврдува чистотата на водата и комплетна анализа. Сè уште нема одговорна личност која стои зад таа одлука - освен „чувството“ на Мицкоски. Сè уште Обвинителството не дало одговор кој дозволил Гостивар со недели да пие отруена вода.
Водата во Гостивар беше забранета од 17 јули се до петокот, кога по речиси еден месец, надлежните соопштија дека водата од водоснадбителниот систем повторно е безбедна за пиење.
-
Мирјана Давидоска
Сите содржини од овој новинар
