Македонија
16. August 2026 - 16:36

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците

На прагот на новата жетва, оризопроизводителите се соочуваат со сериозен проблем, диспаритетот меѓу утврдената производна цена на оризовата арпа и цената по која таа реално се откупува. Тоа значи дека производителот во моментот на откупот добива и до 7 денари помалку од утврдената производна цена за секој килограм произведена арпа.

- Не може производната цена да биде 25 денари, а да се откупува по 18 и 20 денари за килограм арпа, а договорено беше цената да биде 25% над производната, за да можеме да го одржиме земјоделието. Не да живееме, туку за да преживееме. Откупната цена за 2026-та година треба минимум да биде 35 денари за да опстоиме, во спротивно, оризот како и многу други култури, репката, афионот, ќе ја доживее истат судбина, изјави Здравко Аерсов, оризопроизводител од Облешево.

Бидејќи земјоделците и откупувачите веќе подолг временски период не можат да најдат заеднички јазик, оризопроизводителите бараат Владата и ресорното министерство да изнајдат системско решение за овој повеќегодишен горлив проблем.

- Очекуваме да имаме нова производна цена која ќе изнесува околу 30 денари, меѓутоа тоа кај откупувачите не допира и затоа е ова што сега ни се случува. Но, ние како оризоппроиводителите ќе останеме доследни на напшите барања, ќе бараме од Владата и министерот, да се изготви Закон, во кој ќе влезе и Правилник за откуп на оризовата арпа, изјави Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.

Допоплнително во амбарите им стојат околу 10.000 тони непродадена арпа од претходните реколти, а за месец дена стартува жетвата. Затоа, тие бараат навремено решение, обезбедување откуп, расчистување на постојните залихи и создавање услови производната цена да биде реално пресликана во откупната цена.