Ужас во Австралија: Голем питон сакал да изеде момче на спиење
![]()
Родители на 14 годишно момче , кои живееле во зафрлено место во Австралија , ги разбудиле страшни врисоци на нивниот син.
Дотрчале во неговата соба и виделе змија долга три метри , како се обидува да го изеде детето. Питонот бил замотан околу раката на детето и ги зарил забите во дланката.
,,Сакаше да му ја изеде раката.Се боревме со змијата , но колку повеќе ја влечевме , забите влегуваа се подлабоко. ” , раскажува мајката Ема Џексон за австралиската телевизија АБЦ.
На крај мајката зграпчила детска касичка во облик на птица, и ја забила на змијата во устата, а таткото силно ја повлекол главата на змијата и го спасиле детето.

Мајката вели дека речиси секојдневно во нивното место во Квинсленд се соочени со змии , па ги учат децата да не се плашат од нив , но оваа била навистина голема и агресивна.
Детето било префрлено во болница , каде и покрај преживеаниот ужас рекло деке на се плаши од змии , но во иднина ќе биде повнимателен.
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
