Увидот по пожарот во кумановскиот суд одложен за утре, Судскиот совет одлучи да не се конфронтира со Лога
Министерството за правда да иницира постапка и да изготви извештај доколку се констатирани отстапувања и неправилности - Судскиот совет му врати на министерот Лога по обвинувањата дека 5 месеци не се утврдува одговорност за в.д. претседателката на кумановскиот суд.
АКМИСОТ е во надлежност на ресорното Министерство за правда, кој врши редовни и вонредни контроли на судовите. Доколку се констатирани одредени отстапувања и неправилности, министерствотоможе да изготви извештаји да иницира соодветна постапка. Членовите од Судскиот совет не сакаат да се впуштаат во било каква конфронтацијата со министерот, но укажуваат дека соработката треба да биде директна, конструктивна и во духот на остварување на заедничката цел.
Министерот за правда веќе побара одговорност за ВД претседателката на судот Снежана Манев и го обвинува Судскиот совет дека не презема мерки за да утврди нејзина одговорност и санкционирање за констатираните злоупотреби на АКМИС системот.
Но не се само обвинувањата на за непостапувањето на Судскиот совет – правда реагира дека ниту Кумановскиот суд не постапил по укажувањата на Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во судовите направен минатиот месец. Нотирано било дека предметите не се соодветно архивирани, но не биле преземени никакви мерки.
Според информации од полицијата пожарот денеска бил целосно изгасен, но увидот се планира во текот на утрешниот ден, додека не се олади опожареното место.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
