Македонија
12. July 2022 - 16:59

Утре или задутре седница за францускиот предлог

Утре или задутре, се термините со кои се шпекулира за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за преговарачката рамка во врска со францускиот предлог. Потврда од кабиентот на Џафери нема, но пратеници од власта велат дека повеќе нема многу време и дека до понеделник шефот на дипломатијата Османи ќе треба во Брисел и во Софија да даде одговор и за билатералниот проткол со Бугарија и за францускиот предлог.

Во меѓувреме, помалиот владин партнер Демократски сојуз на Павле Трајанов највува дека и формално ќе ги поднесе свои предлок-заклочоци во Собранието за оваа седница. Со нив, Трајанов бара да се изменат делови од преговарачката рамка. Во делот на јазикот, Трајанов бара во рамката да се додаде нов став кој вели:

 „По приемот на Република Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик станува службен јазик, без какви било можности за негово оспорување од страна на ЕУ или нејзина членка“.

Демократски сојуз предлага и да се тргнат билатералните прашања од преговорите со Унијата.

Трајанов вели дека нема поддржи заклучоци кои би биле донесени без поширок консензус во кој би влегла и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, или пак, кои нема да значат промена на рамката.

И од ВМРО-ДПМНЕ велат дека собраниската дебата нема значење ако тоа не значи промена на самиот предлог.

Власта пак, од друга страна очекува парламентот да расправа по нејзините заклучоци кои не се однесуваат на измени во преговарачката рамка туку како задолжителни насочи на Владата во идните преговори.

Неофицијално, се објавуваат веќе подготовени заклучоци од собраниските служби за се уште не закажаната седница. Тие речиси се истоветни со заклучоците кои на маса ги стави СДСМ пред работната група. Во нив, стои дека парламентот ја усвојува Информацијата на Владата и ја прифаќа преговараќката рамка. При тоа, се задолжува Владата „доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара, односно не се дел од преговарачкиот  процес за полноправно членство во ЕУ“.

Собрнаиски извори велат дека ќе се работи за седница која ќе трае најмногу три дена, односно со исцрпување на листата на соговорници. Зада поминат заклучоците потребно ќе биде присуство од најмалку 61 пратеник, од кои 41 треба да гласаат „за“.