Македонија
30. јуни 2023 - 16:34

Упатството на Лога на 5-ти јули пред уставните судии

Уставниот суд експресно закажа седница на 5 јули на која ќе се оценува уставноста на Упатството за водење матични книги, потпишано од министерот за правда Кренар Лога. Судот се сомнева дека одлуката на ресорното министерство е неуставна. Претседателката на судот Добрила Кацарска на брифинг со новинарите не сакаше да соопшти кои се според спорните делови поради кои и сами покренаа инцијатива.

Поради инерес на јавноста Уставниот суд информира дека предметот У.бр.89/2023, во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 5 јули 2023 година. Станува збор за предмет кој Судот го оформи по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност.

Од министерството за правда остануваат со непроменет став – Упатството не се коси со законот за матична евиденција. Дополнително од правда посчуваат дека графата националност во изводите е задолжителна.

Упатството не се коси со законите, напротив, донесувањето на Упатството и внесувањето на националност во изводите се заснова токму со Законот за матична евиденција. Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11, и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција кој е на сила од 1995 година. Секое непочитување на Законот е кривично дело“ – велат од Министерството за правда.

Согласно Упатството, кое веќе стапи на сила,  отсега секој кој ќе сака да извади документи од Управата за водење матични книги, ќе мора да каже на која етничка заедница ѝ припаѓа. Односно измените воведуваат и нова графа за национална припадност во изводите на родените, венчаните, умрените. Во јавноста веќе се наметна дилемата, кој ќе одлучува за новороденчињата и децата која националност ќе им биде запишана, особено ако родителите се од различна националност....

Во меѓувреме и Левица поднела уште една иницијатива со која барфаат да се оцени уставноста на Упатството.