Македонија
21. August 2026 - 15:03

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга

На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(82) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга.

Според пријавеното, ваквите настани се случувале подолг временски период.

Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против Т.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.