Македонија
26. April 2023 - 16:38

Тупанчевски и Жерновски одат на амбасадорски места?

Тупанчевски во Белград, Жерновски во Букурешт. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека на вчерашаната владина седница се назначени како што посочуваат срамни и скандалозни кадри за нови амбасадори.

Дали министерот кој ја донесе Македонија на работ на преживување  како правната држава, Тупанчевски заминува за Белград затоа што не знае странски јазик?

1000 евра месечно од буџетот на македонските граѓани  не му се доволни  на сега веќе идниот Амбасадор кој “пополнува место по потреба” Андреј Жерновски, сега веќе назначен за амбасадор за Букурешт иако до пред месец дена беше предлог за Белград?!

Дали Емил Крстевски или познат во јавноста како директор што од службен фб профил се заканува и вреѓа македонски граѓани, (Државен Архив ) е соодветно решение за амбасадор во Прага, дополнително само затоа што неговата сопруга Сања Зоографска- Крстевска е сеуште актуелен генерален конзул на Македонија во Мелбурн? прашува ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за надворешни работи ја повика опозицијата да не шпекулира, но во писмената реакција во која се објаснува постапката на именување на нови амабасадори, сепак нема демант на објавените имиња.

Јавното шпекулирање на ВМРО-ДПМНЕ со информации од затворена седница, не само што претставува грубо кршење на законот, туку претставува дипломатски скандал со кој се минираат државните позиции, нанесувајќи притоа ненадоместлива штета на меѓународниот углед на земјата.

Шпекулирањето и објавување имиња на предлози, пред за тоа да се добие агреман од земјата – домаќин, ја загрозува улогата на самите амбасадори уште пред да бидат упатени, а во многу непријатна положба ги става и институциите на земјата - домаќин, чии процес на одобрување е сега контаминиран со шпекулациите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат од МНР

Министерството минатата година под притисок на јавноста сепак се повлече од повеќе предлози за нови амбасадори. 

МНР лани ја вработи несудената конзулка во Њујорк Бесмира Ејупи, додека  по скандалот со македонското државјанство на Онишченко, екс директорот на АНБ Виктор Димовски извиси за амбасадорската позиција во Париз.