Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во напад со руски дронови врз регионот на Киев

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а тројца други се повредени во напад на руски беспилотни летала врз округот Бровар, во регионот на Киев, изјави утрово шефот на регионалната државна администрација на Киев, Тимур Ткаченко.
„Последиците од непријателскиот напад се регистрирани на три локации во округот Бровар. За жал, загинаа три лица, меѓу кои и едно дете. Уште три лица се повредени, меѓу кои и едно дете“, рече Ткаченко на Телеграм, објави Укринформ.
Во селото Пуховка, како резултат на нападот, избувна пожар во двокатна приватна куќа, при што беа уништени куќата, две помошни згради и два автомобили.
Делови од дронот оштетија и други приватни згради, помошни згради и автомобили.
Спасувачите и другите надлежни служби работат на чистење на последиците од нападот.
Во Киев, четири лица се повредени во ноќниот руски напад, соопшти Градската воена администрација на Киев.
Според податоците на Државната служба за вонредни ситуации, во населбата Голошие, пожар зафатил гаражи на две одделни места, со вкупна површина од околу 1.000 квадратни метри, како и нестанбена зграда.
Пожар во населбата Оболон избувнал на територијата на една компанија и бил изгаснат.
Експлозии се слушнале неколку пати во Киев во текот на ноќта, а според украинските власти, руските сили го нападнале главниот град со беспилотни летала и балистички ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
