Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД би можеле „лесно“ да ја отворат Ормуската Теснина, што, како што рече, би можело да донесе значителни економски придобивки.
„Со малку повеќе време, лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и да се збогатиме. Тоа би било голема придобивка за светот???“, напиша Трамп на платформата Truth Social.
Околу една петтина од светската сурова нафта и течен природен гас обично се транспортира преку Ормуската Теснина.
Меѓутоа, од почетокот на војната со Иран, на крајот на февруари, бродскиот сообраќај низ морскиот премин е претежно запрен, а блокадата доведе до нагло зголемување на цените на нафтата.
Во моментов, само неколку бродови минуваат низ преминот секој ден, главно од Иран, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина и Саудиска Арабија.
Според податоците на компанијата за анализа на бродскиот сообраќај „Кплер“, од почетокот на март низ мореузот поминале 225 товарни бродови, што е за 93 проценти помалку во споредба со периодот пред војната.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
