Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран откако Техеран побара продолжување на разговорите, но истовремено нагласи дека прекинот на огнот од јуни меѓу двете земји е завршен.
„Исламската Република Иран нè замоли да ги продолжиме разговорите. Ние се согласивме на тоа, но САД им ставија до знаење дека прекинот на огнот е завршен!“ напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп не даде детали за можното продолжување на преговорите, ниту беше објавено кога тие треба да се одржат. Неговата изјава доаѓа по новата ескалација на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран.
Иран вчера започна напади врз американската воена инфраструктура во земјите од Персискиот Залив, по нападите на САД врз иранските јужни крајбрежни и источни провинции.
САД и Иран минатиот месец постигнаа привремен договор што требаше да го заврши четиримесечниот конфликт. Борбите во овој период ги нарушија глобалните енергетски текови и предизвикаа загриженост за евентуално понатамошно зголемување на цените на нафтата и горивата.
Обновувањето на дипломатските контакти би можело да отвори пат за ублажување на тензиите, но тврдењето на Трамп дека прекинот на огнот е завршен покажува дека Вашингтон сè уште врши притисок врз Техеран.
Трамп се соочува со политички притисок поради невозможноста за прекин на конфликтот, додека неговата Републиканска партија се подготвува за избори за Конгресот на крајот од годината, во услови на високи цени на горивата и незадоволство на гласачите.
МИА
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
