-->
-->
Томовски: Сакаме да одиме во следната рунда и се надеваме на најдоброто
-->

Македонскиот ракометен тим ќе биде пред голем предизвик на вечерашниот дуел во првото коло од Европското првенство. На отворањето во првото коло од групата Б противник е кодомаќинот Данска.
– Ќе биде навистина предизвикувачки да се игра во Данска, особено против еден од главните домаќини. Данска е број еден во последните години, па можеме само да уживаме во ова натпреварување и да дадеме се од себе за да ја направиме нашата земја среќна. Знам дека секако сакаме да постигнеме повеќе, да одиме во следната рунда, но ќе одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар и ќе се надеваме на најдоброто, изјави единствениот интернационалец во нашиот тим голманот Мартин Томовски.
Почетокот на дуелот е во 20:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
