Македонија
29. July 2026 - 12:07
Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
Регионалната депонија кај Новаци се очекува да биде готова и пуштена во употреба до крајот на 2027 година.И покрај претходните доцнења во активностите, рокот останува.
Градоначалникот Пецаков вели дека процесот е забрзан набавени се комунални возила за јавните претпријатија во југозападниот и пелагонскиот регион и следува формирање на меѓуопштинско јавно претпријатие .
Во Охрид на локацијата Мауцкер каде сега има и диво одлагање на отпад, предвидено да се изгради една од претоварните станици.
Според експертите неопходно е затворање на дивите депонии кои функционираат без никакви стандарди и претставуваат сериозен ризик за животната средина но и опасност по здравјето на луѓето .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
