Македонија
15. November 2023 - 16:38

Таравари не го загрижува Груби

Во ДУИ не се загрижени дека Алијанса за Албанците може да ја напушти владината коалиција пред крајот на годината. Во Мала Речица се на ставот дека имаат одлична соработка со Таравари кој вчера во Тема на денот не криеше дека не е задоволен од третманот кој неговата партија го има во Владата.
Но интегративците се оптимисти дека до датум за избори ќе стигнат преку консензус а не преку гласање на недоверба на Владата.

За Груби најважно е што тие ќе имаат премиер во последните 100 дена пред изборите

Груби најави дека во наредните неколку дена ќе седнат на маса со Ковачевски по што се надева дека ќе изградат заеднички став околу тоа дали изборите ќе бидат во ист или одвоен термин, откако вчера, партискиот потпретседател Османи рече дека во Мала Речица натежнува ставот претседателските и парламентарните избори да бидат во еден ден.
И покрај сите турбуленции, Во СДСМ нема промена на ставот, но се не зависи од нив, имајќи предвид дека само со гласовите на Алијанса, опозицијата во собранието ќе има доволен број на пратеници за да се самораспушти.
За избори на почетокот на мај, техничката влада мора да се формира до средината на јануари.