Македонија
13. November 2022 - 21:15

Студентите утре на протест пред Собранието

Студентите утре излегуваат на протест пред парламентот во 16.00 часот за подобри студентски услови. Протестот ќе се одржи и покрај тоа што власта попладнево ги повлече измените на законот за студентски стандард, а со кои се предвидуваше кратење на групите на студенти што добиваат надомест за дневен студентски оброк.

Пратеничката Зајкова, која беше една од прелагачите на законските измени за утре попладне во парламентот, речиси истовремено со протестот, најавува средба меѓу засегнатите страни.

 „На средбата ке биде и министерот за образование бидејќи овие критериуми што предизвикаа реакции се вметнати по сугестија на МОН. Утре се поканети и преставници на универзитетските и факултетските собранија со цел изворно од нив да ги чуеме барањата и заедно во тој дел да направиме корекција“, вели Зајкова.

Организаторите на протестот, здружението „Студентски отпор“ испорачува 4 услови до власта за да се прекине протестот: да се зголеми висината на студентскиот отпор од 120 на 150 денари, израмнување на сите стипендии, потоа студентите да не бидат дел од владините мерки за штедење и да се подобрат условите во студентитските домови.

Јанев утре ќе просуствува на состанокот во Собрание како претставник на студентите од Универзитетот Гоце Делчев од Штип.

Иако протестот не е организиран од универзитетските студентски собранија сепак и тие ќе имаат слични барања на утрешната средба. Бараат студентскиот оброк да го добиваат и стипендирани студенти, но и апсолветните, како и да се земе предвид само приходот на студентот, а не на неговото семсјтво. Ако не се исполнат овие барања и тие размислуваат на протест.