Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица

Шеесет и девет годишниот сопственик на викендица во штипската викенд населба Кумлак е во добра и стабилна состојба информираат од Клиничка болница-Штип. Посочуваат дека е подобар, но поради изгорениците по екстремитетите и вдишаниот чад ќе остане под лекарски надзор. Тој при гаснењето на пожарот на кровот на неговата викендица се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и левата рака.
Според информациите од Дарко Коцев пожарникар водич во ТППЕ-Штип штети има на една викенд куќа, а од огнената стихија навреме се спасени пет викендици, лозови и овошни насади и борова шума. Пожарникарите денеска биле во обиколка во пет наврати и како што вели Коцев нема никакво чадење на теренот, каде што вчера по 14 часот започна огнената стихија, за која што очевидци тврдат дека е предизвикана од пироман.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
