Српскиот премиер во Охрид на средба со Мицкоски, потврдена определба за натамошно унапредување на пријателските односи

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут.
- Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша Мицкоски на Фејсбук.
На средбата, како што пишува Мицкоски, е потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион.
На аеродромот во Охрид, српскиот премиер го пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
- Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката, напиша Муцунски на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
