Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто беше потврдена одличната соработка и силното македонско-турско партнерство.
Претседателката се заблагодарила за континуираната и значајна поддршка од ТИКА, којашто со над 1.300 реализирани проекти има видлив и траен придонес во повеќе сектори: образование, здравство, културно наследство и инфраструктура.
- За неа, особено важна е помошта во здравствениот сектор, особено инвестицијата во современа медицинска опрема за Клиниката за радиотерапија и онкологија, што придонесува за унапредување на јавното здравје, како и минатогодишната донација за Хидробиолошкиот институт во Охрид - се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката.
Сиљановска-Давкова ја истакна важната улога на турската заедница во македонското општество, чии идентитетски права се не само уставно загарантирани, туку во голем степен и реализирани. Обајцата се согласија дека постои спремност за надминување на проблемите врзани за образованието на мајчин јазик на Турците. Според Претседателката, тие не се резултат на системска политика, туку на слабости на локално ниво, се посочува во соопштението.
Соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување и проширување на македонско-турската соработка преку нови конкретни проекти со ТИКА.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
